Сигурност уште од самиот почеток – добредојдовте во SBK!

Идеалното здравствено осигурување за Вас.

Долгогодишна е традицијата во Siemens Betriebskrankenkasse (SBK) да им се служи на другите. Oснована e пред повеќе од 100 години за вработените во Siemens, a денес опслужува повеќе од еден милион осигуреници. Во меѓувреме, во нашите клиенти се вбројуваат не само членови на Siemens туку и вработени во други компании, како и самостојни занаетчии и студенти. 

Благодарение на нашето долгогодишно искуство стекнато на разни локации на Siemens ширум светот, нашите клиенти профитираат од високиот степен на интернационалност. Затоа, кога станува збор за здравјето, ниесме модерен, атрактивен партнер за многу луѓе кои доаѓаат во Германија заради работа или школување.

Многу екстра услуги, голема поддршка.

Во склад со нашето мото „Голема услуга. Сосема лична.“, доброто на нашите членови секогаш го ставаме во центарот на вниманието. Конкретно тоа значи: Вие профитирате од големиот број услуги кои ги надминуваат законските рамки – на пример, заради Ваша оптимална заштита, кај повеќето вакцинации при патување во странство ние преземаме голем дел од трошоците, а Вие имате право на одредени алтернативни здравствени третмани или специјални прегледи. 

Кај нас Вие уживате лична поддршка која е единствена во Германија. Уште од денот кога ќе се пријавите во SBK, покрај Вас имате личен консултант кој Ви се посветува и секогаш го изнаоѓа најдоброто решение за Вас. Без оглед какво прашање имате: Вашиот личен консултант Ви дава брз и компетентен одговор. Истото важи и за Вашиот брачен другар и за Вашите деца. 

Секогаш тука за Вас.

Како член на SBK можете да очекувате висок степен на сигурност. Ова се должи од една страна на нашата финансиска стабилност, a од друга страна на околу 100 канцеларии со над 1.500 вработени – така што секогаш и секаде можете да сметате на брза поддршка.

Донесете го најдоброто решение за Вас и за Вашето семејство – дојдете во SBK. Се радуваме на Вашата посета! 

 

Не го владеете баш најсјајно германскиот јазик? Нашиот тим говори и англиски и Ви стои на располагање секогаш кога ќе Ви затреба.